Средба на министерот Димитров со сенаторот Крис Марфи

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Брисел имал средба со сенаторот Крис Марфи, копретседавач на Поткомитетот за Европа во Комитетот за надворешни работи на Сенатот, на која учествувала и Сузан ДелБене од Претставничкиот дом на САД.
- Димитров и Марфи разменија мислења за актуелните состојби во Република Македонија и регионот, заеднички констатирајќи ги важноста и потребата од што побрзо евроатлантско интегрирање на Република Македонија, соопшти Министеството за надворешни работи.
Димитров го запознал сенаторот Марфи со реформските постигнувања во однос на евроатлантската агенда, како и со актуелностите во процесот на разговорите со Грција во надминувањето на разликата во спорот за името.
- Република Македонија е незавршена работа за НАТО и во 2018 година се нуди одлична можност за заокружување на стратешката определба на македонските граѓани за полноправно членство во Алијансата. Напорно работиме на системските реформи во правосудството и разузнавачките системи и го засилуваме својот партнерски ангажман во борбата против глобалниот тероризам и екстремизам и градењето на мирот во Авганистан, истакнал Димитров на состанокот.
МНР наведува дека по престојот во Брисел сенаторот Марфи ќе ја посети Република Македонија и ќе учествува на комеморативните настани по повод 75-годишнината од депортацијата на Евреите од Македонија.
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
