Средба Џафери - Ручи:Парламентарната соработка ќе се унапредува и интензивира

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, во рамки на Конференцијата на претседатели на парламенти на земјите од Западен Балкан, што се одржува во Будимпешта, се сретна со Грамоз Ручи, претседател на Парламентот на Република Албанија.
На средбата, соопшти Кабинетот на претседателот на македонското Собрание, двајцата соговорници изразија задоволство од високото ниво на билатералните односи меѓу двете земји и изразија очекување дека парламентарната соработка, како најлесен начин на соработка меѓу земјите, ќе продолжи да се унапредува и интензивира, како на ниво на пратенички групи за соработка, така и меѓу парламентарните комисии, при што, претседателот на Собранието на Република Албанија, ја повтори поканата за посета од страна на Џафери на Република Албанија.
Во текот на средбата, соговорниците се согласија дека со формирањето на новите влади во двете земји, се отвораат нови можности за натамошно продлабочување на соработката меѓу двете земји, на сите полиња, особено на полето на економската соработка, која што граѓаните во реалноста и најмногу ја чувствуваат.
Во тој контекст, Џафери ги нагласи напорите на новата Влада на Република Македонија во насока на градење на добрососедски односи и регионална соработка со сите земји во регионот и пошироко, а особено важноста што и ја придава на добрите и пријателски односи со Република Албанија.
- Од особено значење е и усогласеното делување во остварувањето на заеднички интереси во областа на надворешната политика, во однос на интеграцијата во ЕУ и НАТО, како и регионалната соработка, стои во соопштението.
На крајот на средбата, двајцата соговорници го поздравија донесувањето на Законот за малцинства, усвоен од страна на Парламентот на Република Албанија. Воедно, претседателите споделија и заемно уверување и очекување дека билатералната соработка меѓу двата парламента ќе продолжи и во иднина, со уште поинтензивно темпо, со што двата парламента ќе имаат можност одблиску да разменуваат мислења и искуства од парламентарното работење, меѓународната политика и други актуелни прашања.
Ново на Сител
-

Најмалку двајца загинати при уривањето на зграда во Либан
-

Бугарската полиција истражува смрт на шест лица, се сомнева на ритуални убиства
-

Лекари: Состојбата на генералот Алексеев е сериозна, но стабилна, не е во животна опасност
-

Лекари: Состојбата на генералот Алексеев е сериозна, но стабилна, не е во животна опасност
-

По одлуката на Уставниот суд за Балуку, Рама најави продолжување на битката
-

27-годишник возел „порше“ без возачка, полицијата му го одзела автомобилот
-

Мицкоски: Ќе ги зголемиме минималните плати според законското решение
-

Приведен струмичанец поради измами со лажните лекари и сообраќајки, кај него пронајдени над 15.000 евра
