Спасовски: Заедништвото е нашата сила за движење напред
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на сите граѓани од исламска вероисповест им го честитам празникот Курбан Бајрам.
-Почитувани граѓани од исламска вероисповед, Ви упатувам вам и на вашите семејства срдечни честитки по повод големиот празник Курбан Бајрам, со желби за добро здравје и благосостојба. Курбан Бајрам пред се е празник на вредностите на заедништво – меѓусебна почит и разбирање, хуманост, солидарност. Надминувањето на страстите претставува врвна покорност на верникот кон Бога, а духот на трпението е водич низ сомнежите кои се јавуваат во срцата, напиша Спасовски во честитката објавена на неговиот фејсбук профил.
Спасовски нагласува дека заедништвото е нашата сила за движење напред.
-Бидете уверени, времето на неизвесност е зад нас, имајќи ја на ум нашата заедничка определба за соживот – сите ние заеднички придонесуваме кон развој на нашиот концепт „Едно општество за сите“, со еднакви можности за сите и со достојна почит кон културните, верските и етничките разлики, кои го претставуваат нашето богатство. Заедништвото – тоа е нашата сила за движење напред, пишува Спасовски.
Министерот Спасовски изразува надеж дека овие празнични денови ќе поминат во мир и хармонија.
Ново на Сител
-

ФАО: Цените на храната растат поради конфликтот на Блискиот Исток
-

Хуманитарна планинарска прошетка за родители и деца во организација на ЗПСК Кожуф
-

Отворени 54-те Мајски оперски вечери
-

Без струја дел од Пинтија и Студеничани
-

Путин вели дека според него, конфликтот во Украина се движи кон својот крај
-

Катарски танкер помина низ Ормус, прв извоз на течен природен гас од регионот од почетокот на војната
-

Крузерот погоден од епидемија на хантавирус пристигна на островот Тенерифе
-

Меѓународна атлетска трка во Скопје
