СП 2026: Трамп призна дека побарал од Инфантино да го разгледа исклучувањето на Балогун

Претседателот на САД, Доналд Трамп, призна денеска дека го повикал првиот човек на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино и побарал преиспитување на одлуката за црвениот картон што му беше покажан на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун во шеснаесетфиналето на Светското првенство.
Балогун, кој со три голови е најдобар стрелец на американската репрезентација на Мундијалот, беше исклучен на средина од второто полувреме од натпреварот против Босна и Херцеговина по интервенција од ВАР собата поради груб старт врз Тарик Мухаремовиќ.
Иако според правилата, црвениот картон подразбира автоматска суспензија од најмалку еден натпревар, што значи дека Балогун не треба да биде во конкуренција за натпреварот од осминафиналето против Белгија, што ќе се играа ноќта меѓу понеделник и вторник во Сиетл, ФИФА донесе одлука според која Балогун „суспензијата од еден натпревар ќе ја отслужи условно во период од една година“.
Веднаш се појави информација дека оваа одлука на ФИФА е донесена под политички притисок и сугестија од Трамп, што денеска го призна и самиот американски претседател.
„Сè што направив беше да побарам да биде прегледан случајот, бидејќи не мислам дека воопшто имаше каков и да е прекршок. Ја видов акцијата, не беше прекршок. Двајцата играчи трчаа со полна брзина и се судрија. Тоа беше ужасна одлука на судијата. Одлуката на ФИФА за поништување на црвениот картон е навистина брилијантна, но не им реков да го сторат тоа. Па, не можам да им кажам што да прават“, рече Трамп во обраќањето до новинарите во Белата куќа.
МИА
Ново на Сител
-

Путин преку телефон му кажал на Трамп дека Русија нема агресивни планови кон Европа
-

Уапсени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без возачка дозвола
-

Мицкоски: Да бидеме генерацијата која ќе ја внесе државата во ЕУ, но нема компромиси за идентитетот, јазикот и културата
-

Лавров: Русија е подготвена за преговори за решавање на украинското прашање
-

Мицкоски: Верувајте во нашата татковина, покажавме дека можеме да победуваме
-

Повреден 48-годишник при пукање во Арачиново
-

Приведен 48-годишник кој барал пари две години за да не објави интимни фотографии
-

Повозрасна жена нападнала малолетно девојче во Кисела Вода
