Советот за безбедност на ОН менува шест членки

Советот за безбедност на ОН од денеска има шест нови непостојани членки - пет со двегодишен и една со едногодишен мандат.
Брегот на Слонова Коска, Екваторијална Гвинеја, Кувајт, Полска и Перу, кои се избрани по регионален принцип, ќе бидат членки на СБ на ОН до крајот на 2019 година.
Холандија ќе има мандат до крајот на 2018 година откако лани се договорија со Италија за поделба на двегодишниот мандат што им припаѓа на западни држави.
Освен Италија во СБ на ОН, од денеска ќе бидат заменети Египет, Сенегал, Јапонија, Уругвај и Украина.
СБ на ОН има 15 членки од кои шест постојани и 10 што се бираат на период од две години, но така што секоја година се заменуваат по пет членки.
Повеќе од третина држави членки на ОН никогаш не биле застапени во СБ. Меѓу нив се Србија, Црна Гора, Македонија и Словенија.
Ново на Сител
-

Се презентираат наодите од обдукциите на жртвите во кочанската дискотека
-

Завршни зборови на судењето против Стојанче Јовановски - се бара максимална казна
-

Филипче: Вајц потврдува дека владата на Мицкоски не сака во ЕУ
-

Одбележан Светскиот ден за безбедност и здравје при работа
-

Сајбер безбедноста ќе донесе поголема заштита за граѓаните и бизнисот
-

Денарот стабилен, довербата расте, депозитите во пораст
-

Преглед на вестите од светот
-

Има ли решение за проблемот со ЕЕС?
