Советодавниот одбор на ФДА ја одобри вакцината на Модерна

Советодавниот одбор на американската Агенција за храна и лекови (ФДА) одобри итна употреба на вакцината против коронавирусот, изработена од компанијата „Модерна”, производител на лекови со седиште во Масачусетс и Националниот институт за здравство (НИХ).
Одобрувањето на вакцината беше поддржано од 20 членови на одборот, со еден воздржан, една недела откако истото тело даде согласност за вакцината, што е заеднички произведена од компаниите „Фајзер” и „Бионтек”.
Како што пренесува Гласот на Америка, се очекува ФДА да го усвои мислењето на одборот и да ја одобри употребата на вакцината на компанијата „Модерна”, по што ќе започне нејзината дистрибуција.
Американскиот министер за здравство Алекс Азар за Си-Ен-Би-Си изјави дека 5,9 милиони дози се наменети за дистрибуција низ цела Америка.
Претходно оваа недела, регулаторите на ФДА ги потврдија тврдењата на „Модерна” за безбедноста и ефикасноста на вакцината.
Ново на Сител
-

Од Дубаи екстрадиран 33-годишен бегалец по потерница на македонската полиција
-

Рама: Одборот за мир би можел да ги „размрда“ ОН на акција
-

Се огласи сопругата на градоначалникот на Скопје: Мојата чанта вреди 944 денари
-

Јаневска: Прифатливи се аргументирани забелешки за законот за високо образование
-

Метален профил усмрти 23-годишен работник од Велес на објект во изградба
-

Лажен лекар измамил неготинка за три илјади евра
-

Продолжува претресот во домот на поранешниот британски принц Ендрју по обвиненијата за поврзаност со Епстин
-

Песков: Нема потврда дека следната недела ќе се одржи нова рунда преговори за Украина
