Фудбал
17. January 2016 - 11:11

Сосиедад и Ла Коруња одиграа без победик

  Екипите на Сосиедад и Дерпортиво Ла Коруњаа одиграа нерешено 1:1 во натппреварот од 20.коло на фудбалското првенство на Шпанија.

 
На средбата играна синоќа на стадионот „Аноета“ во Сан Себастијан, гостите од Ла Коруња поведоа со голот на Луис Алберот во 26-минута, а конечните 1:1 ги постигна Џаби Пието од пенал во 75-минута. 
 
На останатите три натпревари одиграни вчера: Севиља – Малага 2:1, Селта Виго – Леванте 4:3 и Виљареал – Бетис 0:0.
 
Денеска ќе се играат натпреварите: Валенсија - Рајо Ваљекано, Реал Мадрид - Спортинг Хихон, Лас Палмас - Атлетико Мадрид, Гетафе - Еспањол и Барселона - Атлетик Билбао.
 
Колото ќе биде комплетирано во понеделник со средбата Еибар – Гранада. 
 
Табела: Атлетико Мадрид 44, Барселона 42 (-1 натпревар), Реал Мадрид 40 бодови, Виљареал 40, Селта Виго 34, Севиља 32, Еибар 30, Атлетик Билбао 28, Депортиво Ла Коруња 28...