-->
-->
Соронбај Женбеков најверојатно е нов претседател на Киргистан
-->


Поранешниот премиер на Киргистан, Соронбај Женбеков најверојатно победи на денешните претседателски избори, покажуваат прелиминарните податоци на киргистанската Централна изборна комисија.
Женбеков доби 868.000 гласови или над 50 проценти од вкупниот број на излезени гласачи. чиј број беше околу 1,557 милиони.
Вкупно 11 кандидати учествуваа во трката за нов претседател на Киргистан, на избори.
Актуелниот киргистански преседател Алмазбек Атамбаев, кој на оваа функција е од 2011 година, согласно Уставот на земјата, нема право на уште еден мандат. Атамбаев важи за „проруски“ ориентиран и во текот на неговиот мандат, Киргистан се приближи кон Русија, но ја зајакна соработката и со Кина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар
-

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел
-

Приведен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат со 211 км/чaс | ФОТО
-

Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода
-

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат
-

Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање
-

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
