Сончево со мала до умерена локална облачност, претпладне магла по одделни котлини

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 10 степени.
Според прогнозата на УХМР, до петок ќе се задржи стабилно и тивко време, по одделни котлини со појава на магла и пониски дневни температури.
Од петок кон крајот на денот и за време на викендот под влијание на влажна и студена воздушна маса времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и ќе преминат во снег и во повисоките места, информира Управата за хидрометеорлошки работи.
Ново на Сител
-

ЦУК: До 18 часот 14 пожари на отворен простор од кои само еден е активен
-

Косово бара од ЕУ да изврши притисок врз Србија за спроведување на Декларацијата за исчезнати лица
-

Тошковски: Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење, смее да се користи исклучиво како техничка
-

Двајца македонски државјани прогласени за непожелни во Албанија
-

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена
-

МЗ: Состојбата во Гостивар континуирано се следи, намален вкупниот број прегледи
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-

Кривична за сопственик и фирма поради сомнение за даночно затајување над 7,2 милиони денари
