Сончево и потопло со слаб ветер

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло за овој период од годината. Ќе дува слаб до умерен северoзападен ветер.
По котлините поради појавата на температурна инверзија ќе има заматеност на атмосферата или појава на утринска слаба магла.
Температурата ќе се движи од девет до 18 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен северoзападен ветер. Температурата ќе достигне до 13 степени.
Во среда ќе се задржи сончево време со натпросечни дневни температури. По котлините поради појавата на температурна инверзија ќе има заматеност на атмосферата.
Во четврток облачноста ќе се зголеми, а услови за врнежи ќе има само во крајните западни подрачја. Под влијание на влажен бран во петок ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег.
Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови. Ќе дува засилен ветер, претпладне од јужен, а попладне од северозападен правец, што до крајот на денот ќе услови заладување и спуштање на снежната граница до околу 600 м.н.в.
Ново на Сител
-

Првата линија од Градски воз во функција од 1 септември
-

Трамп објави видео од напаѓачот во хотелот
-

Предложен притвор за гостиварчанецот кој силуваше 14-годишно девојче
-

Чернобил - 40 години потоа: Катастрофата што го потресе светот
-

Трамп: Овој напад нема да ме одврати од војната во Иран
-

Напаѓачот од Вашингтон призна дека мета му биле американските политичари
-

Сончево со локална облачност
-

Трамп евакуиран по пукање на новинарска вечера во Вашингтон – едно лице повредено
