Сојузот на борци и Дебрца се сеќаваат на годишнината од формирањето на Првата Македонско-косовска ударна бригада

Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, в понеделник, 11 ноември организира низа активности за одбележување на 76-годишнината од формирањето на Првата Македонско-косовска народна ударна бригада.
Предвидено е положување цвеќе пред споменикот во село Сливово, каде ќе се одржи и историски час, а за борбениот пат на бригадата и нејзиното значење за конечното ослободување на земјата ќе зборува професорот по историја Наце Иваноски.
Потоа ќе бидат посетени паметникот на паднатите борци од НОБ и жртвите на фашизмот во село Белчишта, како и бистата на Трајче Дојчиноски. Во рамки на одбележувањето на годишнината ќе биде посетена и ликовната изложба во ОУ „Дебрца” во село Белчишта. Активностите ќе бидат заокружени со свеченост по повод патрониот празник на ОУ „Дебрца”.
Првата македонскокосовска народноослободителна ударна бригада е формирана во Сливово, составена од над 700 борци од македонскиот баталјон „Мирче Ацев”, Дебарско-кичевскиот баталјон, Првиот косовски баталјон „Рамиз Садику”, Вториот косовски баталјон „Борис Вукмировиќ” и една придружна чета на ГШ на НОВ и ПОМ. Во својот состав имала Македонци, Срби, Црногорци, Албанци, Турци, Италијанци, а подоцна и Руси. Бригадата покрај другите борбени активности учествувала и во Февруарскиот поход во првата половина на февруари 1944 година, во кој поминала околу 300 километри. Подоцна на 8 јуни 1944 година од групата македонски баталјони била формирана Првата македонска бригада, а од групата косовски баталјони била формирана Првата косовско-метохиска бригада на 24 јуни 1944 година.
Бригадата во 1951 година беше прогласена за Петнаесетта пролетерска бригада и одликувана со Орден народен херој, Орден на народното ослободување на Југославија и Орден на братството и единството со златен венец.
Ново на Сител
-

Македонија ќе биде домаќин на состанокот „Брдо-Бриони“ во октомври
-

УХМР: Утре пороен дожд, грмежи и локално невреме
-

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска
-

Зеленски: Рускиот ноќен напад врз Днепар траеше повеќе од шест часа
-

Брат ја пронашол почината својата сестра во стан во Аеродром
-

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
-

Сали: Правосудниот испит и сите испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик
-

Владата: Институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците
