Сочувство од премиерот Груевски за смртта на Џон Битов

Премиерот Никола Груевски денеска упати телеграма со сочувство до семејството на канадскиот стопанственик со македонско потекло Џон Битов.
- Со жалење ја примив веста за смртта на еден од најголемите пријатели на Македонија и еден од најзначајните членови на македонската дијаспора во Канада, г-динот Џон Битов. Во овие моменти, знам дека не постојат зборови кои може да ја намалат загубата во вашето семејство, но со споделувањето на чувствата се споделува и тагата. Дозволете ми од името на Владата на Република Македонија и од мое лично име да го упатам моето искрено жалење и длабоко сочувство до сите членови на вашето семејство. Нашите мисли и молитви се со вас, наведува Груевски во телеграмата.
Македонската дијаспора, посочува Груевски, се простува од голем човек кој беше дел од нејзините редови. Македонците изгубија голем поддржувач, пријател, колега, сопруг, татко и дедо. Џон Битов остави многу зад себе. Остави за својот народ, за својата земја, за својата заедница.
Македонскиот народ, македонската црква и македонската држава, се вели во телеграмата, ќе му бидат вечно благодарни за начинот на кој со сиот свој капацитет, знаење и умешност се вгради во многу процеси од значење за издигнувањето и зацврстувањето на Република Македонија како самостојна, суверена и независна држава.
- Не постојат зборови со кои може да му заблагодариме за начинот на кој ги штитеше македонските национални интереси, ја ширеше вистината за Македонија во Канада, САД и повеќе други држави, постојано ги помагаше македонските иселеници, македонските студенти и нашата заедница во Торонто и Канада и во голем број на случаи ја помагаше својата татковина Република Македонија. Неговиот пример ќе остане вечно да сведочи за начинот на кој се љуби и брани својот народ, својот јазик, својата традиција, својот идентитет и татковина.Нека е вечно неговото име и нека почива во мир, наведува премиерот Груевски во телеграмата со сочувство.
Ново на Сител
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
-

ЈСП„Скопје“: Ќе се утврди причината за пожарот на автобусот, благодарност до возачот за брзата реакција
-

На ГП Табановце и ГП Блаце за излез од државата се чека до еден час
-

Општина Центар почна со расчистување диви депонии и наталожен отпад
-

Нема повредени во запалениот автобус на ЈСП „Скопје“ на Средно Водно, возачот спречил поголем пожар
