Собранието ги констатира оставките на министрите од ДУИ

Собранието на Република Македонија денеска на почетокот на 98. седница ги констатира оставките на министрите и замениците министри од ДУИ.
Согласно собранискиот Деловник, Парламентот само ги констатира оставките, без дискусија.
Претседателството на ДУИ во четвртокот одлучи сите нивни министри и заменици да поднесат неотповиклива оставка, а за сите понатамошни чекори околу учеството на партијата во Владата да решава партискиот лидер Али Ахмети.
Во петокот оставки до Владата поднесоа досегашните министри Муса Џафери, Фатмир Бесими, Беким Незири, Абдилаќим Адеми, Нурхан Изаири, Аднан Јашари и Лирим Шабани, како и замениците-министри Ардиан Џеладини, Неметула Халими, Земри Ќамили и Илми Селами.
Од страна на претседателот на ДУИ Али Ахмети синоќа беа предложени нови кандидати за министри. За заменик-претседател на Владата задложен за европски прашања е предложен Фестим Халили, а Арбер Адеми е предложен за заменик претседател на Влада задолжен за спроведување на Рамковниот договор. Валдет Џафери е предложен за министер за правда, Пиштар Лутфиу за министер за образование и наука, Дритон Кучи министер за економија, Башким Ахмети за министер за животна средина и просторно планирање, Шухрете Елези за министер за локална самоуправа, Арлинд Зеќири за министер без ресор задолжен за странски инвестиции. Беким Максути е предложен за заменик министер за одбрана, Агим Нухиу за заменик министер за внатрешни работи, Фатон Положани за заменик министер за транспорт и врски и Гзим Беадини за заменик министер за финансии.
По констатирањето на оставките, пратениците попладнево ја продолжија расправата по дневниот ред од 98. седница.
Засега, според информациите објавени на веб страницата на Собранието, не е закажана седница за избор на новите министри и заменици министри.
Ново на Сител
-

Етна повторно исфрла пепел, илјадници туристи блокирани на Сицилија
-

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените
-

Јаневска: Учебниците ќе бидат навреме доставени, вештачката интелигенција треба да се користи етички во образованието
-

Пронајден револвер со куршуми во скопско, лишено од слобода едно лице
-

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци
-

Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство, едно семејство со хумана одлука спаси два живота
-

ЦУК: Активни два пожара на отворен простор, изгаснати 12 до 18 часот
-

Ѓорѓиевски: Скопје има безбедна вода за пиење
