Соботка го предлага 2 октомври за датум за повторување на вториот круг од претседателските избори

Австрискиот министер за внатрешни работи Волфганг Соботка предложи на 2 октомври да се одржи прегласувањето на вториот круг од претседателските избори, кој беше поништен.
Соботка пред седницата на Владата изјави дека ќе го изложи предлогот пред кабинетот и изрази надеж дека министрите ќе го прифатат.
Австрискиот Врховен суд во петокот го поништи гласањето поради нерегуларности при пребројувањето на гласовите. Во вториот круг со минимална предност победи либералот Александер Ван дер Белен, кој освои 30 илјади гласови повеќе од неговиот соперник од крајнодесничарската Партија на слободата, Норберт Хофер.
Двајцата кандидати потврдија дека ќе учествуваат во новата кампања.
Мандатот на актуелниот претседател Хајнц Фишер истекува на 8 јули. Според Уставот на Австрија во отсуство на претседател неговите функции се извршуваат колективно од тричленото претседателство на Националниот совет (Парламентот).
Ново на Сител
-

Од денеска директна авиолинија Виена - Охрид
-

Почнува летото
-

Џеј Ди Венс допатува во Швајцарија на преговори со иранските претставници
-

Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола
-

Иранската нафта ќе биде клучен тест за секој конечен мировен договор со САД
-

Вонредна состојба во Лос Анџелес поради пожар во хала со смрзнати прехренбени производи
-

Бројот случаи на ебопа во ДР Конго достигна 956 инфицирани, 247 смртни случаи
-

Сончево и топло, попладне во северозападните делови услови за ретки грмежи
