Со дрон и камерите на „Безбеден град“ ги барале исчезнатите кај Блаце, ги пронашле мртви во превртен „Мерцедес“
Тројцата косовски државјани кои беа пријавени за исчезнати по заминувањето од Меѓународниот аеродром Скопје, биле барани со помош на системот за надзор „Безбеден град“ и дронови, соопшти МВР.
Во Полициската станица Бит Пазар на 19 јули било пријавено дека М.Ш.(56) од Косово не може да стапи во контакт со сопругата Ф.Ш.Т., нејзиниот брат У.Т. и неговата сопруга Џ.К., кои претходната вечер околу 22:15 часот заминале со возило од скопскиот аеродром.
По пријавата, полициски екипи од СВР Скопје, ЕВР Чаир, Центар и Единицата за интервентна полиција веднаш започнале потрага. Биле прегледани камерите од системот „Безбеден град“ за да се утврди движењето на возилото и исчезнатите лица, а бил подигнат и дрон за пребарување на трасата.
Од МВР информираат дека било утврдено оти возилото не ја напуштило државата преку граничниот премин Блаце.
Подоцна истата вечер, околу 22:35 часот, било пријавено дека на автопатот Блаце – Скопје, делница која е затворена за сообраќај и е во изградба, патнички автомобил „Мерцедес“ со германски регистарски ознаки излетал од патот и се превртел.
Во несреќата загинале возачот У.Т.(64), како и сопатничките Ф.Ш.Т.(56) и Џ.К.(54). Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош, а увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи. По наредба на обвинител, телата биле предадени на обдукција.
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
