-->
-->
Со автомобил влетале во маркет во Скопје и украле сеф со пари
-->

Во населбата Црниче ноќеска бил ограбен маркет откако била демолирана влезната врата, а не куртулиле ниту излозите.
Според првичните информации, маркетот е ограбен откако автомобил влетал во влезната врата. Алармот се запалил, а разбојниците го земале сефот на маркетот и избегале со црвен автомобил од типот караван.
-На 01.04.2024 во 03.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
