Снегот ги завеа Македонците во Голо Брдо
![]()
Обилните врнежи од снег, присутни последните деновиве и на територијата на Албанија, ја блокираа областа Голо Брдо, населена главно со Македонци. Во ова ридско-планиснко подрачје, дебелината на снежната покривка достигнува на одделни места и околу еден метар.
-Целосно сме отсечени од светот. Патиштата што ја поврзуваат областа Голо Брдо, со Булќиза и со Либражд се целосно блокирани. Отсечени се селата Требиште, Клење, Стеблево, Мало Острени, Врница, а и патот кон граничниот премин Требиште – Џепиште што го поврзува Голо Брдо со Македонија е непрооден, изјави за МИА Или Халилај од селото Требиште.
Посочува дека прават напори, колку толку да го оспособат патот кон преминот кај Џепиште кој, за разлика од другите патни правци, кои се макадам, е асфлтиран и е во должина од четири километри.
-Дебар ни е поблиску од кој било друг град во Албанија. Во ниедно наше населено место нема здравствена амбуланта, па за каква било здравствена услуга доаѓаме во Дебар. Моите две деца се настинати, па со оспособувањето на овој пат ќе одам до Дебар да земам лекови, вели Халилај.
Инаку, овој пат е од посебна важност, бидејќи, во вакви временски непогоди, жителите од Голо Брдо, кога станува збор за итни случаи на болни, истите ги транспортираат до Општата болница во Дебар, поради близината, каде секогаш излегуваат во пресрет.
Ништо подобра не е состојбата и во областа Гора исто така населена со Македонци.
Ново на Сител
-

Затворен сообраќајот на наплатната станица Отовица поради снег, забрана за камиони на Плетвар
-

Министерство за транспорт: Сите патни правци се проодни, оние каде паѓа снег континуирано се чистат
-

Ердоган за време на разговор со Трамп: Турција внимателно ја следи ситуацијата во Сирија
-

Најмногу снег на Попова Шапка
-

Ѓорѓиевски: Снегот не е изненадување во зима, подготвеноста е наша обврска | ФОТО
-

Американската војска заплени седми танкер поврзан со Венецуела
-

Во Кривичен пресуда за случајот „Геријатрија“
-

Утврдување на предлог-одлуки за избор на нови состави на ДИК и КСЗД
