Смртно затрелан албански полициски специјалец, друг ранет, во акција за апсење на барано лице

Припадник на специјалната полициска единица „Шќипоња“, Енеа Маколи (34), утрово загина при вршење на должноста, а неговиот колега Едисон Агри (36), е повреден, од истрели од огнено оружје од лице барано со потерница во близина на градот Малиќ, Округ Корча.
Во акцијата која била спроведена на планината Боден, барано лице, кое се криело во бачило било неутрализирано и повредено за време на операцијата за негово апсење.
Околу 7:30 часот, полициските служби го опколиле местото каде што се сомничело дека се криело лицето Виоланд Брачелари (43) осуден во 2017 година на 9 години, 11 месеци и 7 дена затвор од страна на Корчанскиот суд, за кривично дело „Производство и продажба на наркотични дроги“, додека во 2011 година му била изречена безбедносна мерка „затвроски притвор“, за кривично дело „Одгледување на наркотични растенија“, објави полицијата.
Силна осуда и длабоко и искрено сочувство до семејствто на Маколи и желби за побрзо закрепнување на Агри, изразија шефот на државата Бајрам Бегај, премирот Еди Рама, министерот за внатрешни работи Бесфор Ламалари, политички партии.
Пленарната седница албанскиот законодавен дом ја почна со едноминутно молчење.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ одбележува 36 години постоење - „Македонија забрзува, наша обврска“
-

УХМР: Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Силекс во Белорусија, Шкендија Тетово во Гибралтар на стартот од квалификациите од Конференциската лига
-

Папата Лав XIV го поздрави договорот меѓу САД и Иран за прекин на војната на Блискиот Исток
-

Меси: Имав среќа да ги остварам сите мои соништа, па и повеќе од тоа
-

Европскиот парламент треба да гласа за извештајот на Томас Вајц за Македонија
-

Осум години од потпишувањето на Договорот од Преспа
-

Народна банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува 2 процента
