Словенечката група „Лајбах“ ќе настапи во Северна Кореја

Словенечката група „Лајбах“ идниот месец ќе настапи во Северна Кореја, како прв странски музички бенд што одржал концерт во оваа затворена далекуисточна земја.
Предвидено е да се одржат два концерти на 19 и 20 август, пред две илјади гледачи.
На своите два настапи во главниот град Пјонгјанг, групата „Лајбах“ ќе изведе некои од своите најпознати хитови од нивната 35-годишна кариера, но ќе исполнат и севернокорејски народни песни, кои се популарни кај домашната публика.
Овој бенд, од своето создавање во времето на некогашна Југославија, беше означуван како контроверзен и провокативен, најмногу поради своето двосмислено користење на политички и националистички метафори во текот на концертите.
За разлика од нивните критичари, подржувачите на групата сметаат дека нивната тенденција за користење на воени униформи на сцената, претставува критика на тоталитарните режими.
Организиаторот на концертите од Норвешка, за западните медиуми изјави дека на двата концерти во Северна Кореја, „Лајбах“ нема да настапува со својата позната провокативност и контроверзност, па на програмата е предвидено да исполнат и песни од американскиот мјузикл „Моите песни, моите соништа“, а ќе ја изведуваат и најпопуларната севернокорејска песна посветена на планинскиот врв Паекту.
Овој врв, не само што е највисок, туку за него Корејците веруваат дека е родното место на целиот корејски народ.
Според организаторот на настапите, северкорејските власти не барале ништо посебно од словенечката група, освен да не предизвикаат „вознемиреност“ кај домашната публика.
Концертите на „Лајбах“ во Северна Кореја, се организираат во рамките на одбележувањето на 70-годишнината од ослободувањето на Корејскиот Полуостров од „јапонскиот колонијализам“.
Ново на Сител
-

Горивата со нов скок - дизелот поскап за 6, бензините за 3 ден/л
-

Во КПУ Идризово пронајден починат 60-годишен затвореник
-

Кавадарчанец со 2,97 промили алкохол во крвта бил агресивен кон сопругата и малолетната ќерка
-

Артан Груби не се чувствува виновен за случајот со „Државна лотарија“
-

19-годишна девојка загина кај Свети Николе откако со возилото излета од патот
-

Дизелот повторно над 100 денари од полноќ, поскапуваат и бензините
-

Македонскиот фолклор триумфираше во Бразил: „Студио Фолклор“ прво кај публиката, трето кај жирито
-

Уапсена жена од Скопје, предизвикала пожар во Центар
