Следуваат три неработни денови

Во мај годинава неработни денови за сите граѓани се 1 мај (понеделник) - Денот на трудот и 24 мај (среда) - Ден на сесловенските просветители, соопшти Министерството за труд и социјална политика, реагирајќи на одредени написи во медиумите поврзани со неработните денови во мај 2017 година.
Потенцираат дека согласно Законот за празниците на Република Македонија и Програмата на неработни денови за 2017 година, покрај овие два неработни денови за сите граѓани, неработен само за граѓаните припадници на влашката заедница е 23 мај (вторник) - Национален ден на Власите.
Од МТСП потенцираат дека согласно Законот за празниците на Република Македонија и Програмата на неработни денови за 2017 година, 25 јуни (недела) Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 26 јуни (понеделник) е неработен ден.
- Со оглед на тоа што со написите се создава забуна во јавноста ги повикуваме медиумите на внимателност при објавувањето на информациите поврзани со неработните денови и напоменуваме дека Програмата на неработни денови за 2017 година е јавен документ кој што е достапен на следниот линк: http://www.mtsp.gov.mk/
Ново на Сител
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
