Сириските Курди зазедоа важно бунтовничко утврдување во провинцијата Алепо

Курдските сили вчера зазедоа важно утврдување на сириските бунтовници во провинцијата Алепо, информираа француските медиуми, повикувајќи се на Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Сириските демократски сили - Унија од курдски и арапски борци, синоќа го зазедоа градот Тал Рафат, што досега беше под контрола на исламистичките бунтовници, прецизира невладината организација.
Градот беше заземен и покрај континуираните турски артилериски гранатирања, што имаат за цел да го запрат напредувањето на Курдите, забележаа американските медиуми.
Оваа победа е последниот тежок удар за бунтовниците, кои претрпеа неколку порази од силите на режимот, откако на 1 февруари во оваа провинција почна голема офанзива со поддршка на руската авијација.
Бунтовниците, се уште, се побројни во Мареа, источно од Тал Рафат, и во Азаз, на границата со Турција.
Сириските демократски сили, пред неколку дена, по жестоки борби со исламистичките бунтовници успеаја да го заземат и воениот аеродром во Миниг.
Ново на Сител
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Уапсени две лица за пожарот кај „Рампа“ – повреден пожарникар и оштетени две противпожарни возила
-

Уапсен велешанец поради предизвикување пожар во Долно Оризари
-

Уапсени 11 лица кај кои е пронајдена дрога, при претрес во Затвор Идризово кај осуденик пронајдени таблети
-

ЦУК: Активен пожарот во месноста Пармакови Ниви во Кумановско
-

Фон дер Лајен: Итната потреба на Украина за посилна воздушна одбрана ќе биде тема на самитот на НАТО
-

Тешко повреден параглајдерист од САД во битолско
-

Љутков: Македонскиот јазик не е политичко прашање, туку национална вредност
