Сириските Курди зазедоа важно бунтовничко утврдување во провинцијата Алепо

Курдските сили вчера зазедоа важно утврдување на сириските бунтовници во провинцијата Алепо, информираа француските медиуми, повикувајќи се на Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Сириските демократски сили - Унија од курдски и арапски борци, синоќа го зазедоа градот Тал Рафат, што досега беше под контрола на исламистичките бунтовници, прецизира невладината организација.
Градот беше заземен и покрај континуираните турски артилериски гранатирања, што имаат за цел да го запрат напредувањето на Курдите, забележаа американските медиуми.
Оваа победа е последниот тежок удар за бунтовниците, кои претрпеа неколку порази од силите на режимот, откако на 1 февруари во оваа провинција почна голема офанзива со поддршка на руската авијација.
Бунтовниците, се уште, се побројни во Мареа, источно од Тал Рафат, и во Азаз, на границата со Турција.
Сириските демократски сили, пред неколку дена, по жестоки борби со исламистичките бунтовници успеаја да го заземат и воениот аеродром во Миниг.
Ново на Сител
-

СП 2026: Кејн – Мислев дека сме подготвени да одиме до крај
-

Мајка, татко и шестмесечно бебе од Молдавија загинаа во сообраќајна несреќа на Халкидики
-

СП 2026: Скалони – Моите фудбалери се уникатни, а нашите навивачи фантастични
-

Драма во полуфиналето на СП 2026: Аргентина со пресврт за седум минути против Англија избори финале
-

Иран нападна цели во Бахреин и Кувајт по новите американски удари и поморската блокада
-

На покана од Рубио, Муцунски во Вашингтон на министерска конференција „Подемот на политичкиот тероризам“
-

Собранието ќе ја продолжи 111. седница, на дневен ред и Законот за соодветна и правична застапеност
-

Сончево и топло до 38 степени
