Сириската опозиција побара гаранција за примена на примирјето

Сириската опозиција побара гаранција за применување на примирјето, кое ќе стапи во сила приквечер.
- Сакаме да знаеме какви се гаранциите. Се надеваме дека ќе има гаранции и сакаме гаранции конкретно од САД, кои се дел од договорот за примирјето, изјави Салем Меслет, претставникот на опозицискиот сириски Висок комитет за преговори.
Примирјето беше објавено во петокот, по недела на преговори меѓу САД и Русија, кои ги поддржуваат соодветно опозицијата и режимот.
Запирањето на огнот беше објавено во моментот кога бунтовниците се соочуваат со потешкотии на теренот, по загубата на последната борба во Алепо.
- Каква е избраната дефиниција за тероризам и каков ќе биде одговорот во случај на нарушување?, праша Меслет.
Режимот кој ги определи како терористички сите групи, кои кренале оружје против него, независно дали станува збор за умерени исламисти или џихадисти.
- Се обидуваме да го разгледаме целиот договор. За нас е многу важно да знаеме колку сите земји се ангажирани во него, и особено земјите кои стојат зад него, истакна Меслет.
- Ќе го применува ли Русија? Ќе го применува ли режимот и ќе ги сопре ли бомбандирањата и криминалите?, нагласи тој.
Ново на Сител
-

Кривична за полицаец кој малтретирал приведено лице во градски парк
-

Курти гаѓан со јајца – хаос во Собранието на Косово
-

Внимавајте: МВР и ROADPOL со засилени контроли на патиштата викендов | ВИДЕО
-

СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор
-

Ангелов: Активни се два пожара на отворен простор, состојбата со водата во Гостивар се подобрува
-

Левица: 25 години Карпалак - 25 години без правда за бранителите
-

Мисајловски за 25-годишнината од загинувањето на бранителите кај Карпалак: Нивната верба во татковината е наша водилка да продолжиме да ги чуваме националните интереси
-

Земјава повторно на грчката листата на држави со привилегиран даночен режим
