СИПРИ: Воените трошоци во светот зголемени првпат од 2011.

Вкупните трошоци за набавка на оружје во светот минатата година се зголемиле за еден процент на 1,676 билиони долари, се наведува во извештајот на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ), објавен на сајтот на организацијата.
Во документот е нагласено дека првпат по 2011 година е забележано зголемување на воените трошоци.
Извештајот бележи континуиран раст на трошоците за оружје во Азија и Океанија, Централна и Источна Европа и во некои блискоисточни земји. Истовремено, воените трошоци се намалиле во Африка, Латинска Америка и Карибскиот регион.
Најмногу за вооружување потрошиле САД (36 отсто или 596 милијарди долари), Кина (13 отсто или 215 милијарди долари), Саудиска Арабија (5,2 отсто или 87,2 милијарди долари) и Русија (четири отсто или 66,4 милијарди долари). На петтата позиција е Велика Британија со 55,5 милијарди долари.
Меѓу 15-те земји со најголем воен буџет највисок раст бележи Австралија (7,8 отсто), а најголем пад Италија (минис 9,9 проценти).
Комбинацијата од високите цени на нафтата и пронаоѓањето и експлоатација на нови наоѓалишта придонесе за зголемување на воените трошоци во голем број земји изминатата деценија.
Падот на цените на црното злато, кој почна во 2014 година, сепак почна да доведува до промена на насоката на таа тенденција во многу држави, кои зависат од приходите од нафта. Оваа година се очекува пад на трошоците.
Најголемо намалување на воените трошоци поврзано со цените на нафтата минатата година бележат Венецуела (минус 64 отсто) и Ангола (минус 42 проценти). Намалување е забележано и во Бахреин, Брунеи, Чад, Еквадор, Казахстан, Оман и Јужен Судан.
И покрај намалувањето на цените на нафтата некои земји извознички на црното злато минатата година продолжија со зголемување на воените трошоци. Голем број од нив, како Алжир, Азербејџан, Русија, Саудиска Арабија и Виетнам се вовлчени во конфликти или се соочуваат со зголемена регионална тензија.
Трошоците на Русија сепак се пониски од прогнозираните во буџетот, а трошоците на Саудиска Арабија ќе се намалеа, доколку не беа дополнителните 5,3 милијарди долари, потрошени поради конфликтот во Јемен. Русија и Саудиска Арабија планираат да ги намалат воените трошоци оваа година.
Воените трошоци во Северна Америка и во Западна и Централна Европа бележат пад од 2009 година во голема мера поради светската економска криза, како и поради повлекувањето на поголемиот дел од воените сили на САД и нивните сојузници од Авганистан и Ирак. Во 2015 година сепак имаше сигнали дека таа тенденција завршува.
Воените трошоци на САД се намалиле за 2,4 отсто во 2015 година, со многу бавно темпо на пад во однос на изминатите години. Тоа е резулат на мерките кои Конгресот ги презеде за делумна заштита на воените трошоци од претходно договорените мерки за намалување на буџетскиот дефицит.
Вкупно трошоците во Западна и Централна Европа се намалиле за 0,2 отсто во 2015 година. Само во Централна Европа сепак овој показател бележи зголемување за 13 отсто. Особено зголемување на воените трошоци е забележано во земјите, кои се граничат со Русија и Украина - Естонија, Литванија, Летонија, Полска, Романија и Словачка.
Во Западна Европа воените трошоци се намалени за 1,3 отсто. Тоа е најбавниот годишен пад од почетокот на кратењето на трошоците, кое почна во 2010 година.
Велика Британија, Франција и Германија објавија планови за мало зголемување на воените трошоци во текот следните години, поради стравувањата, поврзани со Русија и заканите од Исламска држава.
- Воените трошоци во 2015 година покажуваат противречни тенденции. Од една страна тенденциите се одраз на ескалирачките конфликти и тензиите во повеќе делови на светот. Од друга страна видливо е јасна промена на таа тендеција поради поскапувањето на нафтата изминатата деценија. Таа непостојана економска и политичка ситуација создава несигурна слика за следните години, нагласи раководителот на проектот Сам Перло Фријман.
Ново на Сител
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
