Сиљановска-Давкова на промоција на иницијативата за обновување и одржлив развој на Галичник

Под покровителство на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Галичник беше промовирана иницијативата на Месната заедница Галичник за зачувување, обновување и одржлив развој на Галичник, како еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет и традиција.
Пред претставници на дипломатскиот кор, меѓународните организации и бизнис-секторот, како и во присуство на градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, преставниците на Месната заедница Галичник преводени од претседателот Огнен Караѓозовски презентираа иницијатива за зачувување, унапредување и ставање во функција на објекти од исклучително историско, културно и општествено значење за Галичник.
Како што соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова, иницијативата опфаќа активности за заштита и ревитализација на вила „Доста“, Културниот дом, Административниот објект и Галичка фурна.
- Учесниците на настанот, покрај објектите опфатени со иницијативата, посетија и повеќе знаменитости на Галичник, како што се традиционалната галичка куќа „Филиповска“, црквата „Св. Петар и Павле“, каде беше направен осврт на Галичката свадба како една од најпрепознатливите културни манифестации, куќата на Ѓоргија Пулевски и црквата „Света Петка“, се наведува во соопштението.
Сиљановска-Давкова во обраќањето пред присутните истакнала дека Галичник е многу повеќе од музеј под отворено небо, бидејќи неговото наследство живее во камените куќи, црквите, песните, обичаите и во спомените на генерациите кои постојано му се навраќаат.
- За неа, секој вложен напор во Галичник претставува вложување во заедничкото културно наследство и во иднината на државата. Поздравувајќи ја иницијативата на Месната заедница Галичник, таа повика на пошироко партнерство меѓу државните институции, локалната самоуправа, деловната заедница, иселеништвото и сите поддржувачи на културното наследство за да се обезбеди долгорочна заштита и развој на Галичник. Сиљановска-Давкова порача дека зачувувањето на Галичник не значи само грижа за минатото, туку и создавање инспиративна основа за иднината, покажувајќи дека традицијата и напредокот можат успешно да чекорат заедно, соопшти претседателскиот Кабинет.
Месната заедница Галичник ѝ додели посебно признание на претседателката Сиљановска-Давкова за покровителството, поддршката и личниот придонес во афирмацијата на Галичник и Галичката свадба, како и за поддршката на иницијативите насочени кон зачувување на културното наследство и развојот на Галичник.
МИА
Ново на Сител
-

ЦУК: Активни три пожари на отворено - гори депонија во Арачиново и ниска вегетација во Грчец
-

МВР: Лишени 20 возачи од слобода, 16 возеле без возачка дозвола
-

Трамп: Повторно ќе го „удриме Иран многу силно“ ако не го запре Хезболах
-

Приведени четири лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

Бојан Илиевски е победник на големото музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“
-

Приведени уште четири лица осомничени за проневерата во ФФМ
-

Пезешкијан: Писмено ќе потврдиме дека нема да правиме атомска бомба, но не се откажуваме од збогатување ураниум
-

15-годишно девојче пробало да се самоубие бидејќи не можело да ги издржи заканите и агресивното однесување од таткото
