Шварценегер: Имигрантите во САД се гости

Поранешниот гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер вчера имаше мал „судир“ со водителките на американската емисија „Поглед“ (The View), откако изјави дека доселениците во САД треба „да се однесуваат како гости“ и да вложат максимални напори за да ѝ се оддолжат на земјата.
– Клучната работа, во истовреме, е тоа што мораме да ги правиме работите законски! Тоа е најважното, знаете!?, додаде тој.
Во разговорот за тоа како Шварценегер би се справил со сегашната состојба со немирите во Калифорнија доколку сè уште беше гувернер, водителката Џој Бехар истакна дека во еден миг и самиот австриско-американски глумец бил имигрант. Шварценегер одговори дека „имал големо искуство со доселувањето и останува благодарен за животот што го имал во Америка“… Но, исто така, тој додаде дека имиграцијата треба да се случува на „вистинскиот начин“, пренесува „Јаху ентертејнмент“ (Yahoo Entertainment).
– Треба да ги правите тие работи според прописите. А оние луѓе кои прават нелегални работи во Америка – тие се странците, тие не се паметни. Бидејќи, кога ќе дојдете во Америка, Вие сте гости. И треба да се однесувате како гости… Како кога одам во нечија куќа – како гостин, тогаш ќе направам сѐ што можам – да ги чувам работите чисти, да го наместам креветот и да направам сѐ што е правилно… Наместо да направам кривично дело, или да навредам некого, или нешто слично, истакна Шварценегер.
Поранешниот политичар притоа ги охрабри доселениците „да ѝ се оддолжат на Америка за нивниот подобар живот“ со тоа што ќе направат нешто „без пари“ во нивната нова заедница.
– Тоа е точно. Но, Арнолд, не заборавајте дека 90 отсто од луѓето што доаѓаат овде се обидуваат да ја направат вистинската работа, се надоврза водителката и глумица Вупи Голдберг. – И многу од она што се случува во мигов е тоа дека луѓето се грабнуваат, а не треба да бидат грабнати, и се носат вон земјата. Тоа се луѓе кои имаат визи, луѓе кои ги имаат сите тие работи. Значи, ние ги сакаме сите вистински луѓе. Не сакаме луѓе кои прават лоши работи, додаде водителката.
Следејќи ја мислата на Вупи, нејзината со-водителка Асунсион Хостин изјави дека е помалку веројатно тоа имигрантите да извршат злосторства во САД, отколку граѓаните родени во оваа држава.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
-

Мицкоски: Сите настани за независноста ги чинеа граѓаните нула денари
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
-

Пола милијарда долари во зелена енергија
-

Михаил спаси семејство од давење
