Штрахе сака барателите на азил да ги смести во касарни

Австрискиот вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе во интервју за австриската државна телевизија ОРФ изјави дека во иднина барателите на азил треба да бидат сместени во касарни и оти треба да се размисли за некој вид забрана за излегување на бегалците.
- Треба да се размисли која од седумте касарни во Виена не е доволно искористена, посочи Штрахе.
Тој додаде дека целта е грижата за барателите на азил повторно да ја преземе државата.
- Актуелниот проблем е во тоа што многу е преземено од невладините организации и приватните здруженија. Сакаме да го запреме правењето бизнис на тој начин, истакна Штрахе.
Во моментот во Виена има околу 13.000 баратели на азил кои се во приватни прифатилишта, а Штрахе најави и евентуално воведување на забрана за барателите на азил.
- Во минатото веќе се разговараше за тоа, во одредени вечерни часови барателите на азил да мора да се вратат во објектите каде се сместени, истакна Штрахе.
Ново на Сител
-

Уапсени три лица за експлозиите во Солун во кои загина едно лице
-

Безбеден град се воведува и во Дебар
-

Општина Струга подготвува Градска плажа
-

МВР дел од меѓународна операција за сузбивање онлајн-измами и перење пари координирана од Интерпол
-

Андоновски: Реализирано ветувањето за Центар за услуги во Прилеп
-

Син ѝ се заканувал на мајка си во филијала на банка во Неготино и нападнал полициски службеници
-

Во Љубљана протест за излегување на Словенија од НАТО
-

Среде ноќ испразниле цел банкомат во Веро Џамбо | ФОТО
