Штипски „Исар“ поставува 100 нови канти за отпадоци

Во Штип започна поставувањето на 100. канти за отпадоци што ги изработија учениците и наставниците од средното регионално електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“ за потребите на штипското комунално претпријатие „Исар“.
Како што информира Ангел Бојаџиев, директорот на ЈП „Исар“, тие како јавно претпријатие го обезбедиле материјалот, а учениците ги изработиле кантите за отпадоци во работилниците на СОУ „Коле Нехтенин“.
- Започнавме од денеска да ги поставуваме овие канти за отпадоци ширум градот, најпрвин на улицата „Ванчо Прке“, потоа на улицата „Сутјеска“ ќе продолжиме во населбите „Сењак“, „Леваци“, „Деснаци“ и ќе ги покриеме овие населби со канти за отпадоци. Еден апел до граѓаните да го фрлаат ѓубрето во кантичките и да не ги уништуваат, бидејќи развиените општини имаат не затоа што се побогати, туку заради тоа што знаат да чуваат, порача Бојаџиев.
Тој најави дека во текот на наредните месеци низ центарот и населбите ќе бидат поставени и 100 нови пластични контејнери.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
-

Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри
-

БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
-

Вандализмот во Штип го „вклучи алармот“ во општината
-

Неопходна е регулаторна рамка за планинарската служба
