Шекеринска: Разочарани сме од Бугарија, очекуваме прогрес во декември
И како членки на НАТО и како соседи со Бугарија делиме ист стратегиски интерес. Ни треба стабилен регион, просперитет и соработка на двата народи. Разочарани сме што Бугарија не даде поддршка да почнеме преговори со ЕУ, но се надевам дека во декември ќе постигнеме прогрес, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешното видео учество на Меѓународниот безбедносен форум Халифакс.
–Се надевам дека нашите дискусии со Бугарија ќе бидат продуктивни бидејќи ние можеме да се согласиме на компромис кога е тој неопходен, но на прашања кои го засегаат правото на самоопределување, идентитетот, правото на употреба на својот јазик, ние сме крајно внимателни, рече министерката одговарајќи на прашањето за ветото од Бугарија.
Министерката посочи дека компромисот со Грција покажал дека нашата држава има капацитет да се справува со комплексни прашања кога се работи за стратешките цели.
-Не беше лесно да изнајдеме решение со Грција, но тој компромис се покажа клучен за нашето НАТО членство. Тој ја покажа нашата посветеност кон западните вредности, демократијата и кон добрососедските односи, рече министерката.
Зборувајќи за регионот Шекеринска рече дека неговата „комплексност и стратегиските игри на кои што е изложен бараат решенија пред да ‘експлодираат’ проблемите” и дека сметаме на соработка со новата администрација во Вашингон.
Во однос на членството во НАТО, Шекеринска рече дека дома е постигнат цврст консензус одбранбениот буџет да достигне 2 отсто од БДП и дека ситуацијата со КОВИД покажа дека инвестирањето во безбедноста нема алтернатива.
Халифакс безбедносниот форум и годинава (виртуелно) собра 300 меѓународни учесници од врвот на безбедноста и политиката меѓу кои и државниот секретар на САД Мајк Помпео, премиерот Џастин Трудо кој преку видео ги поздрави учесниците, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, сегашниот и идниот претседавач со Воениот комитет на Алијансата, министрите за одбрана на домаќинот Канада, на Турција, Естонија, Шведска, претседавачот на Минхенската безбедносна конференција Волфганг Ишингер и други звучни имиња од одбраната и безбедноста.
Ново на Сител
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
-

Тошковски: Загрижува растот на семејното насилство, но посветени сме за најдобар одговор којшто може да го даде МВР
-

Мицкоски: Реформите се доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Уставот
