Шекеринска од Криви Дол: Армискиот склад за резерви на муниција е безбеден, пожарот е ставен под контрола
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска го посети Криви Дол, каде е лоциран и армискиот склад за резерви на муниција кој вчеравечер беше под закана на огнена стихија.
Со брза реакција на Армијата, како што соопшти Министерството за одбрана, во соработка со локалната самоуправа во Штип, пожарот е ставен под контрола, а складот е заштитен.
– Денеска сум во Овчеполието и во овој регион за да изразам огромна благодарност и да им честитам на припадниците на Армијата кои во текот на вчерашниот ден помагаа во сите општини, но успеаја навистина да пружат натчовечки напори заедно со општина Штип да го обезбедат магацинот во кој што нашата Армија ги чува резервите на муниција и кој што би претставувал ризик за сите нив и за сите нас како граѓани. Тие успеаја навистина во текот на ноќта, кога се сметаше дека е ризична ситуацијата, целосно да го заштитат објектот и целосно да го заштитат локалното население, рече министерката.
За денешната состојба, Шекеринска информираше дека припадниците на Армијата остануваат целосно активни на терен во поддршка на заедничките напори за справување со пожарите и порача дека граѓаните можат да се потпрат на институциите кои, пак, мораат да продолжат да инвестираат во системот за заштита и спасување.
– Денеска битката со пожарот продолжува како и на многу места низ државата и навистина сакам да ги повикам сите наши граѓани, сите локални и централни власти да бидеме заедно и да бидеме добро координирани во справување со ова зло. Сега е навистина момент кога и институциите и многу поединци во Армијата, во противпожарните единици, во локалните власти, во институциите како ДЗС, ЦУК, полицијата и други покажаа на кого можеме да се потпреме и покажаа дека многу треба да се инвестира во системите за заштита и спасување, рече Шекеринска.
Мајорот Александар Гаврилов истакна дека се преземени сите мерки, направен е противпожарен појас и дека складот е заштитен, а како отежнувачки околности за целосно гаснење на пожарот го посочи ветрот кој дува со голема брзина.
– Како Армија ги превземавме сите мерки, луѓето се уште на терен, ангажирани 24 часа и колку е потребно, толку ќе останеме за да спречиме понатамошно ширење на пожарот, рече мајор Гаврилов.
Ново на Сител
-

Израел изврши напад во јужен Либан по стапувањето во сила на прекинот на огнот, јавува ННА
-

Кривична за директор на градинка во Штип, го оштетил буџетот на општината и градинката за над 7,7 милиони денари
-

Сиљановска-Давкова на промоција на иницијативата за обновување и одржлив развој на Галичник
-

СП 2026: Ноер се повлекува од репрезентацијата по Мундијалот
-

Маѓар: ЕУ не смее да ги заобиколи земјите од Западниот Балкан на сметка на Украина
-

Поранешниот прв човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски со уште две лица одат во 30-дневен притвор, за пет лица одреден куќен притвор
-

АХВ работи на нова одлука за надоместоците на ветеринарните друштва, тие се жалат дека се во тешка финансиска состојба
-

Секој петти Европеец страда од ментално заболување
