Северна Кореја претстави нов вид на балистички ракети со голем дострел

Северна Кореја на прославата по повод 105-годишнината од раѓањето на основачот Кил Ил-сунг претстави нов вид на балистички ракети со голем дострел, кои се лансираат од подморница.
Тоа е првпат Северна Кореја да претстави ваков вид на ракети „Пукуксон-2“, кои имаат дострел илјада километри.
За време на парадата маршираа војници, а можеа да се забележат и тенкови, системи за лансирање и друг вид на оружје, додека авиони во 105 формации прелетуваа над присутните на манифестацијата.
Еден од блиските соработници на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го повтори предупредувањето за САД за време на парадата на преполниот плоштад во Пјонгјанг.
- Доколку САД продолжат со провокации кон нас, нашите сили веднаш ќе им се спротивстават на нападите. Со нашето нуклеарно оружје на правдата ние ќе го уништиме нуклеарното оружје на САД, истакна Цои Рион-хе, заменик претседател на Корејската работничка партија.
За разлика од некои други паради, на оваа не присуствуваа кинески претставници. Кина е главен сојузник на Северна Кореја, но таа се изјасни против севернокорејските ракетни и нуклеарни проби и ги поддржи занкциите на ОН против Пјонгјанг.
Група бродови на американската флота, вклучувајќи и носач на авиони, се приближува кон регионот и Северна Кореја.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Приоритет за нас остануваат правата на Македонците во Бугарија
-

Сиљановска-Давкова: Безбедноста е на највисоко ниво, нема логичен основ за шпионажа
-

Во израелските напади во Либан за 2,5 месеци загинале 3.111 луѓе
-

Рубио изјави дека на сојузниците им треба „План Б“ доколку Иран ја држи затворена Ормуската Теснина
-

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија
-

Путин: Русија ќе одговори на украинскиот напад врз интернатот во Старобелск
-

Муцунски до Петрова: Потребно е решение за билатералното прашање, македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори
-

Конференција: Жените и понатаму се одговорни за најголемиот дел од неплатените обврски за грижа, што го ограничува нивното учество на пазарот на труд
