Сертификат за деловна успешност имаат под два отсто од компаниите во земјава

Сојузот на стопански комори (ССК) денеска го промовираше новиот проект кој предвидува доделување Сертификат за деловна успешност.
Целта на сертификатот е поефикасно и поекономично работење на компаниите.
-Целта е да ги истакнеме квалитетните компании, за другите, кои би соработувале со нив, да имаат повеќе доверба при реализирањето комерцијална и финансиска соработка. Бонитетната агенција „Таргет груп“ ќе го сработи делот на аналитиката и издавањето на сертификатот, а ССК ќе учествува во надзорот и контролата на процесот, истакна претседателот на ССК Трајан Ангелоски.
Огнен Огненовски од „Таргет груп“ објасни дека Сертификат за деловна успешност ќе добијат само компаниите со висока бонитетна оценка А и Б за 2021 година.
-Бонитетната оценка подразбира претходна длабинска и сеопфатна финансика анализа на трговските друштва и споредба на нивната работа со индустријата и стопанството, рече Огненовски, напоменувајќи дека критериумите се многу строги и се сублимирани во околу 20 индикатори.
Годинава кај нас носители на Сертификатот за деловна успешност се 1 083 компании. Сите имаат обрт поголем од 12 милиони денари.
-Во 2021 година Сертификат добиле под два отсто од вкупниот број компании во државата. Тие вработуваат 63 348 лица, главно се од ИТ секторот и неспецијализираната трговија на големо, а имаат исплатено нето плата од 32.207 денари по вработен. Од компаниите со ваков Сертификат, 63 отсто биле од Скопје. Од компаниите кои стекнале Сертификат за деловна успешност, во 100 отсто македонска сопственост се 72,5 проценти, а во 100 отсто странска сопственост се 11 проценти. Од ова може да се заклучи дека македонските претприемачи знаат и можат да бидат успешни, подвлече Огненовски.
Сертификатот за деловна успешност постои во повеќе европски држави и е потврда за развиеноста на одредени правни субјекти, како и на институциите во Унијата.
Ново на Сител
-

Трамп: Нема договор со Техеран без „безусловна капитулација“ на Иран
-

Гутереш: Војната во Иран може да излезе од контрола
-

Трамп се закани со затворање на владата поради неуспехот да се усвои изборниот закон
-

Семејство од кумановско се сомнева дека нивниот 60-годишен брат бил отруен, случајот пријавен во полиција
-

Првиот човек на ФФМ на состанок на „HatTrick“ во УЕФА
-

Изненадете ја на 8 Март – подарете „Среќа плус“!
-

Кавадарчанец измамен за 4.900 евра, лажно му ветувале дека ќе инвестира во берза
-

Тошковски: Секој полицаец ќе даде максимум за спречување на насилство, но потребен е поефикасен институционален одговор
