Села: Струшките плажи од петок ќе се враќаат во првобитна состојба

По истекување на времената забрана, 18 септември, за отстранување на објектите од цврста градба од струшките плажи, општина Струга ќе преземе активности за враќање на плажите во првобитната состојба, најави градоначалникот Зијадин Села.
Тој смета дека судот повеќе не треба да се меша и оти од петок веќе немаат судски спор и договорите се прекинати.
- Секој договор што концесионерите го имале дотогаш, значи дека е неважечки сега и судовите не треба да прифатат никакви жалби, рече Села.
Општината, нагласи градоначалникот, ќе ги урива сите објекти од плажите на струшкото крајбрежје, почнувајќи од градот, па се до Радожда.
- Општината потоа ќе ги дава под концесија плажите според законот и стандардите. Да има монтажни објекти и шанкови кои ќе работат само во лето, а градските плажи ќе бидат на граѓаните, без концесија за да можат граѓаните и туристите со пешкир и со влечки да одат и да го искористат тоа што господ ни го дал, изјави Села.
Струшкиот градоначалник рече дека нема да има никаков компромис со концесионерите и оти ќе ги почитува законите.
На 18 септември истекуваат времените мерки со кои Судот во Струга и забрани на локалната самоуправа да презема активности за рушење на објектите на струшките плажи.
Ново на Сител
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
