-->
-->
СЕХА: Вардар избори нов пласман во завршниот фајнал-фор
-->
Македонскиот ракометен гигант Вардар со победа во Нови Сад го потврди пласманот на завршниот фајнал фор во СЕХА лигата. Црвено – црните во реваншот од четвртфиналето ја совладаа Војводина со 32-26 и ќе се борат за 6. Рекордна титула во ова натпреварување. Дека српскиот шампион нема шанси барем со победа да се прости од регионалната лига по убедливиот пораз во Скопје беше потврдено дури во второто полувреме откако Вардар дозволи во првиот дел Војводина да го диктира темпото и да го реши првиот дел со предност од 16-11.
Домашниот тим се бореше успешно некаде до 35-тата минута кога гостите од Скопје полека се стабилизираа и го свртеа резултатот во своја корист и до крајот користејќи ги грешките на неискусниот противник дојдоа до сигурна победа.
Одличен меч одигра Гоце Георгиевски кој постигна 10 погодоци пред Чувара со 7 и 6 на Талески.
Вардар во полуфиналето на Фајнал – фор турнирот ќе игра со победникот од дуелот Нексе Загреб додека Еурофарм Пелистер кој го елиминира Татран Прешов го очекува подобриот од пресметката Партизан Веспрем.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Николоски-Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е клучна за економската соработка меѓу Македонија и Косово
-

СП 2026: Нејмар нема да настапи против Хаити
-

СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
-

Македонска државјанка се удави на Халкидики
