Седуммина кандидати за француски претседател на Републиканците

Кандидатурите на седум претенденти беа потврдени за учество на прелиминарното гласање за кандидат на француската опозициска конзерветивна партија Републиканците (ЛР) за претседател на Франција за изборите во 2017 година, јави дописникот на МИА од Париз.
Пратеникот од Дром, Ерве Маритон е единствениот кој не не ги исполни условите за потребниот број на потписи од 2.500 членови на партијата и тој нема се кандидира за прелиминарните партиски избори.
Претставникот на партијата Ан Левад соопшти дека другите седум кандидати, кои ќе се натпреваруваат за кандидат на Републиканците на претседателските избори се Алан Жипе, Никола Саркози, Франсоа Фијон, Бруно Ле Мер, Жан-Франсоа Копе, Натали Кошиуско-Моризе и Жан Фредерик Поасон, кој е член на Демохристијанската партија, колаициски партнер на ЛР.
Тие ќе ги одмерат силите на прелиминарните избори на 20 и 27 ноември.
За поднесување на кандидатура за учество на партиските избори беа потребни потписи на најмалку 250 избрани претставници - пратеници, сенатори или членови на органите на локалните власти и тие да бидат од најмалку 30 департамани. Меѓу условите е и повеќе од една десетина од потписниците да не бидат од ист департман и меѓу нив најмалку 20 да се пратеници во Националното собрание.
Никола Саркози доставил 21.000 потписи, Франсоа Фијон 6.400, Алан Жипе 5.600, а Бруно Ле Мер 5.500. Поскромни беа Жан-Франсоа Копе, Натали Кошиуско-Моризе и Ерве Маритон кој сите заедно доставија околу 10.000 потписи.
Ново на Сител
-

Има ли решение за проблемот со ЕЕС?
-

Јубилеен 50-ти концерт на Кокан Димушевски во македонскиот КИЦ во Софија
-

Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-

Јубилеен 50-ти концерт на Кокан Димушевски во македонскиот КИЦ во Софија
-

Монструозно врсничко насилство: Ја гореле со цигара, па ја терале да јаде кучешки измет и снимале
-

Нов ценовник за горивата: Бензините ќе се точат поскапо, дизелот поевтино
-

Забраната за двојните државјанства заглави во комисиите
-

Муцунски уверува дека Македонија е се поблиску до ЕУ, од Брисел пораки дека земјава нема никаков напредок
