Седница на Судски совет
Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 496. седница на кој дневен ред се повеќе точки помеѓу кои и оглас за избор на претседател на Основен суд Гевгелија и усвојување на правилници за користење службен мобилен телефон и службени моторни возила од возниот парк на Советот.
Покрај усвојување на записникот од 491 седница, на денешната седница е предвидено и утврдување на престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија како и констатирање на престанок на ВД претседател на Основен суд Велес и донесување на одлука за определување на ВД претседател на Основен суд Велес.
На седницата ќе се одлучува и за престанок на судии поротници во Основен суд Куманово и Основен суд Гевгелија и избор на судии поротници на Основен суд Гевгелија како и одлучување по барање за одвоен живот на судија.
Разгледување на извештаи за исполнетост на критериумите за избор на претседател на Основен суд Кочани, Основен суд Охрид, Основен суд Радовиш и Основен суд Струмица, разгледување на известување за времено упатување на судија во Основен суд Струга и разгледување на можноста за спроведување на психолошкиот тест и тестот за интегритет се, исто така, дел од точките на дневниот ред.
На крајот од седницата е предвидено да се расправа по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет, како и донесување на Одлука за измена на подносител на барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и формирање на комисии на известители по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд.
Ново на Сител
-

Граѓаните мора да добијат најдобра услуга и најквалитетни производи по оптимални најниски цени
-

Мицкоски: Проблемот од минатото се решава, учебниците се доставуваат навреме за новата учебна година
-

Отчет за активностите и проектите реализирани во изминативе две години
-

Се надополнува кадарот во хотелско-угостителскиот сектор
-

Се градат неколку важни водоснабдителни системи во прилепските села и градот
-

Жетвата на јачменот во полн ек, откупната цена екстремно ниска
-

Мицкоски и трговците постигнаа договор за цените на храната
-

Тема на денот со проф. д-р Димитар Трајанов, раководител на проектот „Везилка“, прва национална фабрика за ВИ
