Седница на советот на градоначалници на Источно-планскиот регион во Карбинци

Советот на градоначалници на Источно-планскиот регион денеска одржа седница во општина Карбинци. Градоначалниците на 11-те општини од овој регион изразија задоволство од работата на Центарот за развој на источно-планскиот регион во текот на минатата година, а тоа се гледа и во извештаите за работа и аплицираните и реализирани проекти преку Бирото за рамномерен регионален развој и Програмата за Меѓуграничкна соработка меѓу Македонија и Бугарија.
Претседателот на Советот на градоначалници, Ратко Димитровски рече дека минатата година добиени и реализирани се неколку капитални проекти за развој на регионот.
- Можам да кажам дека минатата година направивме еден исчекор, во делот на заживување на Источно-планскиот регион заради тоа што успеавме да се наметнеме пред Министерството за локална самоуправа и Министерството за финансии да го зголемиме износот кој што следуваше за рамномерен регионален развој преку Бирото за регионален развој. Очекуваме дека и овој тренд ќе продолжи, рече Димитровски.
Тој додаде дека на денешната седница укажано им е на помалите општини да си ја платата чланарината, односно партиципацијата кон Центарот за развој на источно-планскиот регион.
Раководителката на Центарот за развој на источно-планскиот регион, Драгица Здравева вели дека за минатата година поголем дел од општините си ги подмириле обврските за чланарина. Досега се платени 1.300.000 денари, а остануваат да се исплатат уште околу 600.000 денари. Исплатата на чланарината на општините е со цел да се учествува во аплицирање на проекти кои се од регионален карактер.
Ново на Сител
-

Трамп ги предупреди Кина и Русија да не се мешаат во војната во Иран
-

Маск: Вештачката интелигенција за пет години ќе ја надмине човечката
-

Клековски на средба со претставници на матични лекари и на „Мој Темин“: Заедно за побрзи и поефикасни термини
-

Трамп и Зеленски ќе се сретнат во вторник во Вашингтон
-

АХВ: Ја разбираме загриженоста на одгледувачите на овци, но категорично ги отфрламе тврдењата дека не реагираме навремено во однос на сипаниците кај малите преживари
-

На Пелистер падна снег
-

Ѓорѓиевски: За брзo врeмe ќe бидe oткриeн причинителoт за влевање на непознатата материја oд Лeпeнeц вo Вардaр
-

Во ЈЗУ во Гостивар прегледани 197 пациенти кои првпат побарале лекарска помош, што е намалување во однос на претходниот ден
