Седница на КХВ

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде согласност Ѓорги Палевски да биде директор на брокерската куќа „Поштел брокер" АД Скопје и во наредните четири години.
На седницата одржана денеска со која претседаваше претседателот на Комисијата Елизабета Чингаровска донесено е Решение со кое понудата за преземање на акциите издадени од "Жито Караорман" АД Кичево дадена од страна на Сретен Миладиноски се утврдува како успешна.
Врз основа на оваа понуда, преземачот се има стекнато со вкупно 2.975 обични акции и заедно со акциите што веќе ги поседуваше (2.625 обични акции) има вкупно 5.600 хартии од вредност што претставува учество од 50,67 отсто од вкупниот број обични акции издадени од "Жито Караорман" АД Кичево.
Понудата за преземање била прифатена од вкупно тројца сопственици на обични акции со право на глас во "Жито Караорман" АД Кичево.
Ново на Сител
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
-

Стартуваа камерите Безбеден град
-

Алиу - реновираните сали на хируршките клиники ќе проработат на почетокот на јули
-

Серија земјотреси во Венецуела по двата смртоносни - бројките на загинати и повредени континуирано растат
