-->
-->
Се воведува нова мерка за поддршка на идните првачиња во Делчево
-->
Општина Делчево во 2020 година воведува нова мерка за поддршка на делчевските првачиња. Мерката како што информираа од Општината предвидува финансиска поддршка за сите првачиња кои ќе се запишаат во делчевските основни училишта.
– Во новиот Буџет, покрај стимулациите со стипендии за талентираните средношколци и студенти од Делчево, наредната година се воведува нова мерка за првачињата со која се предвидува Општина Делчево да доделува по 3.000 денари на секое прваче кое ќе се запише во прво одделение во основните училишта „Ванчо Прке“ и „Св.Климент“ Охридски во Делчево. Со оваа мерка сакаме да дадеме поддршка на родителите за да го подготват своето прваче за почетокот на неговото школување, но и сакаме да покажеме дека се грижиме за нашите деца кои сакаме да останат да се школуваат дома, истакнаа од општината.
Освен во образованието се најавува и поголема општинска поддршка за културните настани.
-За културни настани имаме предвидено 1,1 милион денари, што значи дека покрај поддршката за постоечките манифестации од областа на културата ќе има средства и за нови културни иницијативи кои ќе имаат за цел да ја збогатат културната понуда во градот, додадоа од Општината.
Во 2020 година ќе продолжи и поддршката на спортските клубови за кои се издвоени 1 милион 250 илјади денари, додека дел од овие средства ќе бидат наменети и за здруженија на граѓани и невладини организации од Делчево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп имал „многу добри разговори“ со Путин, очекува брз крај на војните во Иран и во Украина
-

ПМФЛ: Вардар сигурен против Тиквеш, Пелистер победи во Струмица
-

Кој е човекот што пукаше на гала вечерата на Трамп со дописниците од Белата куќа
-

Кениецот Саве прв истрча маратон под два часа
-

Четворица малолетници ограбиле маркет во ГТЦ, при претрес пронајдени нож и електрошок
-

Маж од кичевско додека возел се пожалил на болка во градите, излетал од патот и починал
-

74-годишна жена паднала при нагло кочење на автобус во кој се возела и тешко се повредила
-

Контрола на полицијата на патниот сообраќај во неколку општини, уапсено едно лице, изречени 12 мерки
