Се очекува неделава да биде предложен главниот државен ревизор

На денешната 114 собраниска седница претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата пратеникот Илија Димовски најави дека течат меѓупартиските консултации и доколку се оди во најдобар ред, оваа работна недела ќе биде предложен главен државен ревизор.
Собранието на оваа седница ги донесе измените и дополнувањата на Законот за извршување на санкциите, на Законот за задолжително осигурување во сообраќајот и на Законот за воздухопловство.
Снежана Калеска Ванчева, пратеник од СДСМ накратко ги образложи потребите за измени и дополнувања на Законот за извршување на санкциите, по скратена постапка. Појасни дека се уредуваат прашања од областа на извршување на санкциите од областа на вработените во казнено – поправните и воспитно – поправните односи, со акцент на затворската полиција и нивните работни односи односно престанок на нивниот работен однос. Со овој закон, истакна таа меѓу другото, се дава можност да се формираат посебни одделенија за осудени странски лица и без државјанство, како и за лица со висок и многу висок ризик. Се врши и зајакнување на улогата на директорот на казнено поправната установа.
Пратеникот Илија Димовски информира дека ВМРО – ДПМНЕ ќе ги поддржи овие измени затоа што се во полза на граѓаните, но од пратеничката група сметаат дека има низа недоречености кои понатаму треба да бидат прецизирани. Посочија на состојбите во затворите, на потребата од зајакнување на позицијата на менаџерите на затворите, на потребното образование во однос на затворската полиција со што би можело да го добијат местото командир или заповедник во затворот, новата систематизација, почитување на стандардите од европската регулатива за сместувањето на затворениците.
Ново на Сител
-

Приведени 22 возачи за „безобѕирно управување возило“, 13 возеле без положен возачки испит
-

Артилериска граната пронајдена кај битолското село Меџитлија
-

Трамп: САД и Иран постигнаа договор вчера, Техеран го прекрши со нов напад
-

Сиљановска Давкова: Галичка свадба привлекува сѐ повеќе посетители од земјата и од странство, останувајќи еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет
-

СП 2026: За Белингем најважно е да остане позитивна атмосфера
-

Приведен 16-годишник кој со нож избодел две години помладо момче
-

МВР: Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Шар Планина
-

УХМР: Во Куманово и околината поројни дождови, а невремето се движи од запад кон исток
