-->
-->
Се чисти коритото на реката Серава
-->

Општина Бутел соопшти дека интензивно работи на чистење на реката Серава. По третпат се чисти делницата од мостот во Радишани до мостот кај ОУ „Св. Климент Охридски“. Станува збор за должина од 5 километри. кои во наголем дел имаат регулирано речно корито.
Реката се чисти од бујната вегетација, како и од наносите мил, песок и отпад што граѓаните го фрлаат во реката.
Општина Бутел во изминативе десет години редовно го чисти коритото на реката Серава, како превентива од поплави, какви што во минатото имало на нејзината територија.
За овој проект ќе бидат потрошени 800 000,00 ден.
Средствата се обезбедени од буџетот на општина Бутел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Променливо облачно со дожд и ветер од северен правец
-

Маж од скопско три дена ја киднапирал, тепал и силувал својата поранешна партнерка
-

Зеленски: Ситуацијата во Иран не ѝ дозволи на Русија да има корист од конфликтот
-

Поради зафати, делови од општина Центар утре без струја и вода
-

Владата донесе мерки за стабилизирање на цените на ѓубривата и заштита на земјоделците
-

Трамп: САД се подготвени за воена акција против Иран
-

30-годишна жена физички нападната од поранешната свекрва во струшката чаршија
-

Почина новинарката Лилјана Алтипармакова
