СДСМ: СДСМ прави сè за членство во ЕУ а ДПМНЕ само блокира
СДСМ работи во интерес на граѓаните и државата и прави сè за членство во Европската унија.
По 17 години чекање ги започнавме преговорите за членство во ЕУ, со заштитен македонски идентитет и признат македонски јазик.
Усвојувањето на уставните измени е за продолжување на европскиот пат и ќе ја обезбеди европската иднина на државата и на граѓаните.
Од друга страна ДПМНЕ само блокира и се поставува како пречка на патот кон ЕУ членство.
Сите лаги и деструкции на ДПМНЕ им потонаа и за бугаризација и асимилација, за губење на јазикот и идентитетот, за бугарски диктат.
Со попречување на напредокот на европскиот пат, ДПМНЕ кочат поголеми плати, пензии, кочат подобар живот за граѓаните, економска извесност, подобри перспективи за младите.
Пред државата е единствена можност, што треба да се искористи. Вратите на ЕУ се отворени, поддршката од стратешките партнери е силна и јасна.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-

Реакции по извештајот на Вајц за напредокот на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Имер Селмани, поранешен вицепремиер
-

Силјановска го пречека Бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
-

Протест на „Стоп за Усје“
