СДСМ: Само ВМРО-ДПМНЕ е против поголеми плати за наставничките и наставниците
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ речиси цела година го блокираат предлог законот за наставници и стручни соработници, а целата јавност деновиве виде дека се подготвени да применат и физичко насилство само да не се усвојат овие измени.
Блокадите, срамното однесување и одбивањето да земат учество во обезбедување на подобар стандард за сите покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ не сака наставниците да земаат повисока плата.
Зошто само ВМРО-ДПМНЕ е против зголемување и континуиран раст на платите на над 2.700 наставници и стручни соработници во основно и средно образование?
Зошто ВМРО-ДПМНЕ се против обезбедување на правна и економска сигурност на наставниот кадар и да им се овозможи вработување на неопределено време како што ги држеа во неизвесност и ги злоупотребуваа нивните гласови во времето на режимот?
Зошто ВМРО-ДПМНЕ се противат наставниците да добиваат додаток за работа и против овозможување на кариерен развој на наставниците?
И зошто им пречи наставниците што предаваат изборни предмети за првпат да можат да добијат трајно вработување?
ВМРО-ДПМНЕ повторно демонстрира дрско, срамно и безобразно однесување кое е на штета на наставниците и целиот образовен систем.
Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ нема да дозволи да успеат блокадите и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ.
Овие измени ќе бидат донесени, ќе има повисоки плати за 27.000 наставници, ќе има трајно вработување за 4.700 наставници во основното и средното образование.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Филипче бара извинување од Мицкоски, премиерот ја нарече одлуката на обвинителството скандалозна
-

Опозицијата поделена по понудата за предвремени избори
-

Во Скопје детектирани 13 високо ризични места за ширење на западно-нилскиот вирус
-

Прекината епидемијата во Гостивар
-

Чадот од пожарите го загрозува здравјето - најчувствителни се децата и хронично болните
-

Училишниот прибор ќе поевтини до 15 проценти, Владата ќе носи одлука во вторник
-

Пораст на просечната плата за 6,4% годишно, пензиите од септември повисоки за 6 отсто
