„Сапорт Кочани“: Во третата распредалба донирани над три милиони денари

Иницијативата „Сапорт Кочани“ ја реализираше третата распределба на средства собрани преку заедничката наменска сметка за донации. На лица директно погодени од трагедијата во „Пулс“, распределени се вкупно 3 153 204 денари. При тоа, 123 лица добиле по 15 968 денари, а кај други 19 лица, кај секој, распределени се по 45 992 денари. На име на персонален данок (ППД) се исплатени 319 292 денари.
Ова вчера го соопштија волонтерите од „Сапорт Кочани“, иницијатива формирана веднаш по катастрофалниот пожар од 16 март минатата година во кочанската дискотека „Пулс“.
Средствата од третата распределба преку заедничката наменска сметка се донации кои потекнуваат од Македонската православна епархија за Европа и од ослободена провизија од НЛБ Тутунска банка.
Со оваа распределба, процесот на директна финансиска поддршка продолжува во согласност со принципите на транспарентност, отчетност и правична распределба, порачуваат волонтерите.
Во трите распределби до сега, преку иницијативата „Сапорт Кочани“, на 142 лица кои потпишале потреба за помош им се донирани во бруто износ вкупно 22 742 997 денари. Од оваа сума на име персонален данок (ПДД), исплатени се вкупно 2 274 285 денари.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-Транс
-

Камионџиите утре ќе ги блокираат граничните премини поради новите правила за влез во ЕУ
-

Или промени или распад - Членството на СДСМ со порака до раководството
-

Тошковски: Паралелно со „Сејф Сити“, ќе има и полициски возила со мобилни камери на „црните точки“ на патиштата
-

АХВ: Спроведени 125 илјади контроли, изречени казни од над половина милион евра
-

Ориз на годинашната реколта стои по амбарите
-

Охрид презема мерки за заштита од загадениот воздух
-

Во месецов што изминува преполни сместувачки капацитети во Крушево
