Самит за Западен Балкан во Трст

Соработката во инфраструктурата, сообраќајот и енергетиката и можностите за поттикнување на економскиот раст преку поврзување на овие области со цел приближување на Западен Балкан кон ЕУ, ќе бидат главните теми на Самитот што ќе се одржи денеска во Трст како продолжение на Берлинскиот процес.
На четвртиот Самит во рамки на Берлинскиот процес ќе учествуваат претседатели или членовите на владите на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора, како и високи претставници на Австрија, Словенија, Италија, Хрватска, Германија, Франција и Велика Британија.
Како што јави Танјуг, на средбата е најавено и присуство на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини.
Берлинскиот процес беше инициран во 2014 година од германската канцеларка Ангела Меркел, а по Берлин овој самит се одржуваше во Виена и Париз.
Цел на Самитот во Трст е преку поттикнување и динамизација на соработката во важни области да се постави регионалниот економски простор.
- Доброто функционирање на инфраструктурната мрежа го поттикнува економскиот раст, нуди можности за бизнис, привлекува инвестиции и создава работни места, се наведува во работниот документ.
На маргините на Самитот ќе се одржи и Бизнис форум, што треба да помогне во поттикнувањето на економските проекти на Западен Балкан.
Со помош на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) и Европската инвестициска банка (ЕИБ) регионот на располагање треба да добие 500 милиони евра за натамошни инвестиции во проектите.
Ново на Сител
-

Од почетокот на годината во Србија се регистрирани нови 52 медиума
-

Од утре дожд и пониски температури
-

Ѓорѓиевски: Една година без нашите ангели, сè уште е тешко да се поверува дека ни се случи ваква трагедија
-

Штип вечерва ќе им оддаде почит на загинатите во кочански „Пулс“
-

Објавени списоците за ваучери за инвертер-клими, рокот за подигнување 30 дена
-

Во скопската Зоолошка градина се роди пингвинче
-

Србинка која изнајмувала стан во Центар физички и полово нападната од сопственикот на станот
-

Во Струмица, при сообраќајна несреќа тешко повреден 16-годишен мотоциклист
