САД отфрлија некои обвиненија во случајот за корупција во ФИФА

Федералните обвинители во Њујорк одлучија да ја прекинат истрагата против поранешниот извршен директор на „Фокс“, Хернан Лопез, кој претходно беше осуден за поткуп за права за емитување фудбал, објави „Њујорк тајмс“.
Обвиненијата против Лопез и аргентинската маркетинг компанија „Фул плеј груп“ се целосно отфрлени.
Во март 2023 година, Лопез беше прогласен за виновен за измама, перење пари и поткуп. Истрагата, а потоа и судењето, утврдија дека менаџерот учествувал во шема за поткуп на раководителите на националните фудбалски асоцијации со цел да обезбеди договори за емитување натпревари од Копа Либертадорес и Копа Судамерикана.
Случајот против Лопез потоа стана дел од истрагата на Министерството за правда на САД, која откри системска корупција во ФИФА.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
