-->
-->
САД ги предупредија цивилите да ги избегнуваат пристаништата што ги користат иранските сили
-->

Централната команда на САД (Центком) ги предупреди цивилите во Иран „веднаш да ги избегнуваат“ сите пристаништа долж Ормускиот теснец каде што оперираат иранските поморски сили.
Центком соопшти дека „иранскиот режим користи цивилни пристаништа за воени операции кои ја загрозуваат меѓународната пловидба“.
„Оваа опасна акција ги ризикува животите на невини луѓе“, се вели во пораката со предупредување.
Се додава дека цивилните пристаништа што се користат за воени цели го губат заштитениот статус и стануваат „легитимни воени цели според меѓународното право“.
Претходно, Центком објави снимки од она што го опиша како уништување на 16 ирански бродови за поставување мини во близина на Ормускиот Теснец.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Благојче Атанасовски, аналитичар
-

Нов апарат за дијагноза на остеопороза во Мајчин дом
-

Прилеп доби Центар за менаџирање на дебелина
-

Ленче Ристоска си поднесе оставка
-

Претседател на бугарско здружение опфатен во акција за лов на педофили
-

Нови сведоштва за насилството на Стојанче Јовановски кон сопругата
-

Големите пекарници ветуваат: Засега нема поскапување на лебот
-

Унијата ќе воведе радикални мерки за штедење
