Русија покани експерти од НАТО во Москва за консултации за безбедноста

Русија покани експерти од НАТО во Москва на дискусија за прашање за безбедноста во Европа, а најмногу за летовите над Балтичкото Море, соопшти вчера руското Министерство за одбрана.
- Воени експерти се поканети во Мосова во септември на консултации за воено-политичката ситуација во Европа, изјави вчера заменик-министерот за одбрана Анатолиј Антонов.
Според Антонов руската делегација на седницата на Советот Русија-НАТО предложила „позитивна програма“ за развој на односите со Алијансата.
- Нејзиното реализирање би помогнало во намалување на тензиите и спречување на воени инциденти по линијата каде вооружените сили имаат допир, додаде тој.
Антонов нагласи дека како приоритетна задача во таа сфера руското Министерство за одбрана ја смета подготвеноста на взаемна основа да се извршуваат летови на воената авијација над Балтичкото Море само со вклучени транспордери.
- За таа цел експерите од НАТО и од балтичките држави, кои не се членки на Алијансата се поканети во Москва на консултации и изготвување на усогласени мерки за реализирање на таа иницијатива на финскиот претседател Саули Нинисто.
На почетокот на јули рускиот претседател Владимир Путин на заедничка пресконференција со Нинисто изјави дека Русија го поддржува предлогот на Финска за забрана на летови над Балтичкото Море на авиони со исклучени транспордери.
Ново на Сител
-

Меѓународна атлетска трка во Скопје
-

Променливо облачно време со сончеви периоди
-

Ставен под контрола пожарот кај Чернобил, нема опасност од радијација
-

Сиљановска Давкова: Како Европјани, должни сме да се спротивставиме на секој облик на фашизам
-

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето
-

Ѓорѓиевски: Очекуваме понуда, цена и временски рок за поправка на Жичарата на Водно
-

МВР одзема автобус кој превезувал ученици, неколку пати бил во дефект по пат
-

Фатени двајца малолетници од Скопје кои возеле без возачки
