Рубио идната недела во Израел ќе се сретне со Нетанјаху

Американскиот државен секретар Марко Рубио планира да го посети Израел идната недела за да разговара со израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху, објави ДПА, повикувајќи се на информации од американскиот Стејт департмент.
Рубио ќе отпатува во Израел на 28 февруари. Сè уште нема информации за агендата на состанокот, наведува агенцијата.
Оваа посета доаѓа во услови на тековните преговори меѓу САД и Иран за иранската нуклеарна програма, кои досега не дадоа никакви значајни резултати.
Минатата недела, Нетанјаху беше примен во Белата куќа од американскиот претседател Доналд Трамп. За време на состанокот, Трамп рече дека преговорите со Иран треба да продолжат за да се разбере дали е можен договор.
Израел постојано предупредуваше дека со Иран не треба да се склучува договор што се однесува само на нуклеарната програма на Исламската Република.
МИА
Ново на Сител
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
-

СПМ: Институциите да постапуваат без селективност
-

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија
-

Иран ја предупреди Велика Британија: Вашиот потег ќе влезе во историјата
-

Времен режим на сообраќај во недела во скопски Аеродром поради атлетска трка
-

Цените на нафтата се намалија
