Руанда сака да биде домаќин на трка во Ф1

Претседателот на Руанда, Пол Кагаме, објави денеска дека неговата земја ќе се пријави за домаќин на трка во Формула 1, која би се возела во главниот град Кигали.
Руанда активно ги следи плановите да биде домаќин на Големата награда на Ф1, со цел да го врати спортот во Африка за прв пат од 1993 година.
Последната трка од Светскиот шампионат во Ф1 организирана на континентот се одржа пред 31 во Јужна Африка, на патеката Кјалами.
„Среќен сум што официјално можам да објавам дека Руанда се натпреварува да ја врати возбудата на автомобилските трки во Африка со тоа што ќе биде домаќин на Големата награда на Формула 1“, изјави Кагаме.
Противниците на претседателот Кагаме ја обвинуваат неговата администрација дека користи меѓународни настани од висок профил за да ја зајакне својата репутација при прикривање на сериозни прекршувања на човековите права, задушување на слободата на изразување и ограничување на слободите во земјата.
Во август, шефовите на Формула 1 ги потврдија тековните разговори со Руанда за домаќин на трката во Ф1, при што нејзиниот извршен директор Стефано Доменикали истакна дека земјата е „сериозна“ опција.
Од друга страна, јужноафриканските власти, исто така, неодамна посочија дека сакаат трката да се врати во Кјалами, но таа патека, која се наоѓа во близина на Јоханесбург, веќе не е на ниво на стандардите и мора прво да се реновира.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-

Преглед на вестите од светот
-

Киднапирање во центарот на Белград: Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски спасен, напаѓачите во бегство
-

Мицкоски очекува заплена од над 100 тони марихуана
-

Заев се јави за обвинувањата за нелегална марихуана - ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од кажаното
-

11.000 административци до 2028 година ќе имаат за 40% повисока плата
-

Двегодишно дете од Битола по напад од улични кучиња заврши на интензивна нега на Детска хирургија
-

Полицајците бараат еднаков третман на сите пред законот по заканите со тепање и убиства
